Достава и враќање

Достава

Доставата е бесплатна за сите нарачки, низ цела Македонија. Стандардниот рок на испорака е 5–7 работни дена од моментот кога нарачката е потврдена.

  • Нема трошок за достава — цената што ја гледате на производот е цената што ја плаќате.
  • Пред испораката ќе бидете контактирани на бројот што сте го оставиле при нарачката, за да се договори точен термин.
  • Поголемите парчиња (маси, комоди, кревети) се испорачуваат расклопени, во оригинална амбалажа.

Прием на пратката

При преземањето, проверете ја амбалажата пред да ја потпишете испратницата. Ако забележите видливо оштетување, наведете го тоа на испратницата и јавете ни се веднаш.

Враќање и замена

Ако производот пристигне оштетен, некомплетен или не одговара на она што сте го нарачале, јавете се на +389 70 244 800 во рок од 14 дена од приемот. Ќе договориме замена или враќање на средствата.

  • Производот треба да биде во состојба во која е примен, со оригиналната амбалажа и целата придружна документација.
  • Производи што се оштетени поради неправилна монтажа или употреба не подлежат на враќање.

Монтажа

Секој производ доаѓа со упатство за составување и потребниот прибор. Ако нешто недостига од пакувањето, контактирајте не и ќе го дополниме.

Прашања

Телефон: +389 70 244 800 · Работно време: понеделник–петок 08:00–16:00, сабота 07:00–13:00